Брза подготовка на посни уштипци, кои може да си ги јадете со солен додаток или со сладок, по желба. Ние повеќе ја сакаме слатката варијанта, па јас нашите уштипци ги посипав со шеќер во прав, а некои од моите домашни си ги декорираа и со посен чоколаден прелив.

Подготовка
1. Сите состојки ги соединуваме и ги оставаме половина час да отстојат.
2. Кога на тестото кое е потечно од класично тесто, а погусто од тесто за палачинки ќе се појават меурчиња, тоа е знак дека тестото е подготвено за пржење.
3. Го загреваме маслото кое треба да се загрева на средна температура, не на многу висока.
4. Го промешуваме тестото и со лажица го црпеме, а со помош на друга лажица помагаме тестото да се спушти во маслото за пржење.

Забелешка
За да не впива тестото многу масло при пржење се става една лажичка ракија.
Исто така ако имате диспанзер делимано, може тестото да го промешате, да го оставите да стаса и потоа директно од него да испуштате тесто кое ќе се пржи во мсалото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани