Ништо ново, ништо чудно... се работи овде само за вкусови, а јас лично ја обожавам Римската кујна...значи, ископините во нашето Виничко кале на археолозите... а љубопитноста за нивната кујна... кај мене.
Значи рецептот е одокативен... според ваш избор или план колку сакате урми да наполните - потребно е да бидат од оние урми што знаеме да кажеме дека се свежи, ги искостуваме, го насекуваме сирењето во големина колку да може да се стави на местото од семката и да се преклопи, покапете ги со мед, врз него сомелете свежо од шарениот бибер (вкусовите се чудно вкусни), наредете ги на ловоров лист... послужете со тостирани ореви.
За служењето од голема и значајна помош се чепкалките.
Вкус незабораввен... всушност.. римјаните знаеле со што да се засладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани