Ова е универзален ванила крем кој можи да се користи за еклери, индијанки, принцес крофни, како фил за торти, колачи итн. Можи да користите ванилен екстракт, ванилини семки и други замени за ванила вкусот.

Се матат жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер, се додава и нишестето или брашното и се мати со миксер да нема грутки.
Млекото се вари и по малку се додава во кремот од жолчки и се продолжува со матење убаво.
Се враќа смесата назад на шпорет и на тивко се вари до згуснување.
Откако ќе го тргнете на страна, додадете го и путерот и измешајте.
Нека олади и нека поседи во фрижидер 2 часа па може да се користи. Убаво покриен филот може да седи и 2 дена во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови