Во Украина за Велигден се печат велигденски лебчиња кои се викаат пасха.
Лебчињата можат да бидат благи и солени.
Јас направив благо лебче со локум.
Млеко стоплете додајте во него квасец малку сол и 100 гр брашно оставете на топло место на еден саат.
Сувото грозје ставете го во вода.
Јајцата изматете со шеќер.
Во еден сад ставете просеано брашно, додадете го во него млекото со квасец, изматените јајца со шеќер и замесете тесто.
Сувите сливи и локумот исечете ги на помали парчиња.
Во тестото додадете суво грозје, локум и суви сливи.
Оставете тестото на топло да стаса.
Стасаното тесто ставете го во округла форма и оставете 15 минути.
Печете во загреана рерна на 200 степени.
За глазура изматете една белка со 100 гр шеќер во прав и прелијте одозгора на лебчето посипете и  со трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани