1. Пилешките гради се сечат во средината, но не до крај и потоа со кујнски чекан се прават потенки. Се зачинувааи со сол и црн бибер и се оставаат на страна.
2. Печурките се сечкаат на парчиња и се пропржуваат да ја испуштат водата што ја содржат и малку да се запржат.
3. Кашкавалот се сечи на коцки и се додава во готовите печурки.
4. Врз секое парче стек се ставаат по две парчиња ос сувомеснатото и 1/2 од печурките со кашкавалот.
5. Така подготвени увијачите се завиткуваат како сарма и се прицврстувааи со чепкалки за заби.
6. Се ставаат во тавичка, им се додава малку вода и масо и се завиткуваат со фолија, со фолијата се печат 30 минути и потоа уште 30 минути на 220 или додека поруменат.
7. Се сервираат со гарнитура по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови