Турско пиде првпат пробав во Турција и се вљубив. Потсеќа на нашата пастрмалија, ама повеќе во формата, одошто во вкусот.

Подготовка

Се мешаат сите состојки за тестото со помош на миксер. Тестото ќе биди малку суво, додадете малку млака вода и замесете меко тесто со раката.

Покријте го и оставете го околу половина час да се накрени.

Потоа премесете го тестото и поделете го на 2 дела.

Од двата дела раширете форми како на сликите, краевите подебели, а кон средината потенки.

Ставете го филот и премачкајте ги краевите со жолчка.

Ставете да се печат на 200 степени 20тина минути.

Тестото ќе биди фино и меко и убаво за јадење и наредниот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови