Уште еден во низата на рецепти за сомуни - мали, овие како да се измислени само да се полнат со ќебапчиња или нешто печенко на скара...

- Во сад измешајте водата, млекото, квасецот, солта, шеќерот, лесно сматената жолчка и маслото.
- Во садот во кој месите ставете брашното, но не го истурајте целото одеднаш, одвојте околу 50 гр., ќе го додадете одпосле ако е многу меко тестото. Замесете тесто кое не се лепи за рацете, а сепак е меко. Покријте и нека одлежи на топло околу 30 мин.
- Истресете тестото на работната површина,поделете го на 16 дела, секој дел расукајте го во мала кора. Веднаш редете ги во тавката послана со хартија за печење, покријте и нека стасуваат околу 60 мин.
- Откако стасале, премачкајте ги со лесно сматената белка со водата и солта, засечете со остар нож одозгора, ставете да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени. Се печат се додека не добијат златеста боја.
Напомена
- Напишан ви е оригинал рецептот кој го сподели мојата пријателка Мучика. Таа има неверојатно убави рецепти од Турската кујна, но направив една мала измена која пак и не се важи - односно откако ги премачкав ги посолив со ким и шарена сол. Вие како сакате....
- Зависно од брашното - затоа напишав целото одеднаш да не го истурате иако кај мене точно по рецептот - 800 гр. Тестото е многу меко, многу податно за работа, мераци е....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани