Ова вкусно тропско смути ќе ви даде многу енергија и ќе ве освежи во текот на денот. Мака е корен кој има моќ да ги балансира хормоните и го подобрува вашето расположение, бидејќи го намалува стресот и напнатоста. Ова смути не содржи кофеин, но ќе ја зголеми вашата енергија. Маката се препорачува за жени во менопауза, како и за жени кои имаат проблем со хормонален дисбаланс, но и за сите оние кои немаат проблем, а сакаат да се грижат за своето здравје.
Маката има вкус на какао и нема да ви биде проблем за да ја консумирате.

Наведените состојки се ставаат во Нутрибулет и се миксаат додека да ја добиете постребната густина.

Голема благодарност до тимот на МоиРецепти за прекрасната награда за јубилеен рецепт и за прекрасниот Нутрибулет. Ме поттикнавте повторно да се вратам на овие прекрасни напитоци и да го збогатам менито во текот на денот со уште повеќе здрави оброци!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови