Одлично освежување во летниве горештини...

Подготовка
1. Во секоја чаша ставаме од коцките ананас, при што треба да употребиме околу 200 гр. од лименката.
2. Во сад ставаме околу 200 гр ананас заедно со киселата павлака и сржта од стапчето од ванила па блендираме. Додаваме кондензирано млеко и промешуваме.
3. Во оваа ананас крем смесата ставаме кршени бисквити и рендано чоколадо, па соединуваме со лажица.
4. Во секоја чаша ставаме ¼ од ананас крем смесата. Оставаме по една лажичка за секоја чаша за декорација.
5. Го додаваме остатокот од коцките ананас во секоја чаша, декорираме со оставениот ананас крем и рендано чоколадо.

Забелешка
Ако користите ананас од конзерва како во мојот случај треба да го процедите од сокот. Исто така може да користите и свеж ананас.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани