Сите состојки за колачот се матат со помош на жица, редоследно, при што на крај се вмешува овошјето од компот. Јас решив наместо ананас да ставам микс овошје, што значи било кој избор да го направите нема да згрешите. Се истура смесата во намастена тава 20х30 и се печи во загреана рерна од 170 С околу половина час, зависно од јачината на рерната.

Додека се печи колачот, се спрема преливот.
Во тенџерче се става шеќерот, путерот и кондензираното млеко и се загреваат на средна јачина со константно мешање додека не зовријат. Откако ќе зоврие, се остава уште 3-4 минути да вари со поинтензивно мешање, па се трга од шпорет и додаваат кокосот и оревите.

Печениот колач со помош на дршката од дрвена лажица се боцка по целата површина и врз него се истура преливот, кој не треба да е многу врел.

Откако ќе олади и одстои неколку часа, се сечи на коцки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови