Во тенџере на оган го ставаме шеќерот да се растопи. Кога ќе добие убава боја ја додаваме водата и оставаме да се растопи убаво.
Тенџерето го тргаме од оган и го додаваме маргаринот и тој да се растопи, потоа ги додаваме мелените бисквити, оревите и брусницата се убаво соединуваме и оставаме да се излади.
Во калап за триаголници ставаме хартија за печење и ја премачкуваме со неколку слоја чоколадо. Кога ќе се стегне ја додаваме смесата со бисквити и внимателно притискаме да се оформи. Врз неа ставаме чоколадо и оставаме да се стегне во ладник.
Се сечат парчиња со дебелина од 1 цм.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови