Тортиците од моето детство, овој пат со слатко од цреши кое дополнително ги прави сочни, вкусни, неодоливи. Едноставни, а преубави.

1. Јајцата и шеќерите се матат пенесто до зголемување на волуменот.
2. Се додава маслото и топлата вода, се мати полека.
3. Во брашното се става пецивото, се просејува и се додава постепено на матените јајца, се мати со помала брзина на миксерот, но сепак со шпатула се промешува да не останат грутчиња.
4. Во правоаголно плехче (32 х 22 см) се става хартија за печење, се истура половина од смесата и се става во загреана рерна на 200 степени.
5. Се печи така 10-12 минути да фати кора, се вади од рерната, се лади 2-3 минути, се премачкува со слаткото од цреши (се остава малку за одозгора) и се истура остатокот од смесата.
6. Се враќа во рерната и се допекува додека да порумени, но мора да се проверува на средината со чечкалица.
7. Штом ќе се излади, се сечат тортици во форма на коцки, се посипува со шеќер во прав, на средина се става 1 цреша од слаткото.

Скоро секогаш овие тортици ги правам со мармалад од сливи, и така се превкусни, но може да се стави било каков џем, мармалад или слатко, како вам ви е слатко.
Пробајте ги!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани