Јајцата со шеќерот се матат до солидна густина. Потоа на најмала брзина на миксерот постепено се додаваат течните состојки, па сувите.

Тестото се дели на два дела, но мене ми беше поинтересна идејата на три, па го поделив на три дела.

Мармаладот доколку е погуст, додадете му една до 2 лажици вода, загрејте го (ја во микрото го стопив) и измешајте го.

Во намастена и побрашнета тава, 20х30 или окригла 28, сипете го едниот дел и ставете го во загреана рерна на 175-180С да се потпечи само додека фати коричка.

Извадете ја тавата и премачкајте ја со мармаладот, па врз неа сипете го другиот дел од смесата за тесто и вратете во рерна да се допечи додека не порумени и се одвои од страните на тавата.
Ако правите со 3 дела, повторете ја постапката, но тогаш ќе ви треба чаша и пол мармалад наместо една.

Оладениот кекс, исечете го на коцки или штангли во вид на тортици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови