Ова беше солената роденденска торта за моите близнаци. За жал, фотките се правени многу набрзински, во гужви, гостите нестрпливи, дојдоја порано со ограничено време, па мораше веднаш да се распарчува, така што и пресекот воопшто не е солиден, но идејата, намерата и вкусот вредат овде да ви го претставам рецептот до следното негово спремање со подобри фотки.

Компирите се лупат и се рендаат. Се додава изварката, павлаката, јајцата и 150 гр кашкавал, се меша и се зачинува и посолува.

Во калап со обрач (потребен бр. 24, јас со малку повеќе намирници во бр. 26 го праев) намастен и набрашнет се редат ќебапите во круг исправени покрај обрачот. Половина од смесата со компирите се тура во средината, па потоа се редат ќебапчињата кои останале и над нив се дотура цела смеса.

Се печи на 180С еден час покриено со пек-хартија или фолија. Потоа се вади и се додава 50+ рендан кашкавал одозгора, се враќа во изгасната рерна и се остава 10-15 мин. да се стопи кашкавалот.

Откако пристојно ќе излади, се вади од обрачот и се служи топла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови