Торта која брзо се подготвува и е многу вкусна, со или без путерот од кикирики.
Во тава со облик и големина по желба ги редиме бисквитите за да ја направиме основата за тортата. Потоа во тенџере ги ставаме ренданите и излупени јаболка да се готват 5 минути во сопствените сокови за да омекнат.
Врз јаболката ја истураме водата во која е растопен пудингот со шеќерот и мешаме додека смесата не се згусне. Го додаваме циметот и оставаме да се олади.
Потоа со миксер го вмешуваме и путерот од кикирики и половина од смесата распоредуваме врз бисквитите. Ставаме уште еден слој бисквити, а потоа завршуваме со филот.
Оставаме преку ноќ да се стегне тортата па следниот ден ја декорираме со шлаг кремот по желба и поросуваме со цимет.
За оние кои не се љубители на путер од кикирики може да ја направите и без него, превкусна е и освежителна.
Јас ви препорачувам да си земете од поблагиот вид јаболки за да не треба да додавате повеќе шеќер.
Исто така, тортата е одлична и со млеко наместо вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови