Многу вкусна торта за многу убав повод.Топло ви ја препорачувам...))))

За кората белките се матат со малку сол, па се додава шеќерот со ванилата во два до три наврати и се мати додека тој се стопи.
Потоа се додаваат помешани брашното, презлата и пецивото.
На крај се додава маслото, убаво се изедначува, па се додаваат сецканите ореви.
Се мешаат со движења на лопатката од дното на садот во кој матиме према горе.
Излеваме во тркалезен калап со пречник од 28 цм., премачкан со маргарин.
Се печи во загреана рерна за време од 15 мин. на 200 степени.
Се матат уште два листа.

За филот најпрво ставаме 1 литар млеко да зоврие со ванилите и 15-те лажици шеќер.

Во длабок сад ги матиме 18 - те жолчки со 10 - те лажици шеќер, па налеваме 400 мл. млеко, ги додаваме пудинзите и нишестето и се убаво матиме со миксер да се соедини во еднолична смеса.

Во зовриеното млеко ја додаваме смесата со жолчки и пудинзи и на умерен оган вариме до потребната густина со постојано мешање.

Тргаме од оган и оставаме да се излади, со повремени мешања за да не фати кремот коричка.

Го матиме маргаринот со шеќерот во прав додека побели.
Од изладениот крем додаваме лажица по лажица во маргаринот и миксаме.

Добиениот фил го делиме на два дела.

Во едниот дел додаваме растопено црно чоколадо, а во другиот дел-растопено бело чоколадо, мелени ореви и мелени бисквити.
Убаво ги изедначуваме деловите.

Финална постапка
-кора-темен фил-светол фил
-кора-темен фил-светол фил
-кора- по малку темен фил, па светол фил целосно се премачкува целата торта.
Се остава да се излади добро во фрижидер, па се красува.
Во мојот случај е слатка смеса од локум, нишесте и шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани