Во млакото млеко се става квасецот, шеќер и малку брашно. Се промешува убаво и се остава да нарасне 10тина минути.
Во нараснатиот квасец се додава маслото, кисела вода сол и брашно по потреба додека се добие средно тесто, понамеко да не биде многу цврсто.
Тестото се остава да нарасне 1 час.
Свежиот спанаќ се мие убаво и се сецка.
Во нараснатото тесто го  додаваме спанаќот и убаво месиме. Формираме 25 топчиња ги редиме на плех обожен со хартија и ги премачкуваме со малку масло.
Топчињата ги оставаме да нараснат убаво, а потоа ги печеме на 200 степени додека добијат убава боја.
Печени ги покриваме со најлонска фолија и крпа за да убаво омекнат.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови