Предлог за совршено брзо мезе.
Прво сварете ја палентата во вода која врие и сте додале сол и масло.
Сварената палента оставете ја да се излади.
Во изладената палента додаваме жолчки од јајца и рендано биено сирење.
Со помош на мала лажичка вадиме топчиња кои ги ставаме на плех обложен со хартија за печење.
Формираните топчиња ги мачкаме со белка од јајце и ги наросуваме со сусам и оригано.
Печеме на 200 степени околу 10 минути.
Готовите топчиња ги наросуваме со пармезан и послужуваме.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови