Уште еден рецепт за домашни ситни не печени колачи, овој пат тоблероне. Има многу рецепти за овој колач, а јас го подготвувам на овој начин ...

Јајцата и шеќерот се матат на пареа, додека да се стопи шеќерот и се згусне смесата. Потоа се додава маргаринот и чоколадото. Сето тоа се меша додека да се стопи и соедини.
Во длабок сад кршиме бисквити, додаваме тостиран сусам и сецкани потпечени ораси. Убаво се мешаат и се додава течниот дел. Се меша со лажица, додека да се соединат.

Во калап за тоблероне, смесата се распределува и се става во замрзнувач убаво да се стегне.
Се сече на потенки парчиња и спремно е за декорација и дегустација!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови