- Најпрво исечете ги тиквичките на тенки траки или во форма на круг, испржете на маслиновото масло и посолете на вкус, оставете да се оладат. Во оладените тиквички, пред да почнете да ги оформувате ролатите од тестото, ставете 1 цело јајце и 1 белка, жолчката зачувајте ја за премачкување. Додадете ја исецканата шунка и сите останати состојки освен сирењето кое останува за посипување над филот.

- Од сите наведени состојки за тестото - растварајки го квасецот претходно во млакото млеко. Замесете тесто кое не се лепи на раката, покријте и оставете да стаса. Стасано поделете го на два еднакви дела. Од едниот дел расукајте правоаголна кора 25х30 см.на која ќе ставите половина од приготвениот фил, врз филот ставете 100 гр. од моцарелата било да ја искинете така или нарендате, замотајте ролат. Поделете го ролатот на 10 парчиња, преместете во тавка, така што едно парче ќе ставате со отворот нагоре како ружичка, а другото исправено... се така додека се потрошат. Повторете ја постапката и со вториот дел од тестото. Покријете и оставете некое време да стаса. Премачкајте со жолчката и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Се пече околу 40 мин.
За промена - вкусен доручек ни беше, останаа само две парчиња кои и наредниот ден беа меки како душа - тестото е одлично.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани