Испечената тиква ја пасираме со вилушка.
По желба додаваме мед.
Јас ставив само 1 лажиче, бидејќи тиквата беше многу блага.
Го додаваме печениот мелен сончоглед.
Додаваме ароматични зачини.
Соединуваме со вилушка.
Сега додаваме мелен печен лешник, по потреба, одприлика околу 3 лажици, односно се додека не добиеме средно тврда смеса за формирање бомбици.
Тоа ќе зависи и од самата водливост на тиквата.
Правиме бомбици.
Ги потопуваме во растопено чоколадо.
Севираме во хартиени корпи и послужуваме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани