1. На покрупната страна од рендето ја рендаме тиквата и ја пропржуваме во тенџере на оган со растопен путер. Во тенџерето додаваме околу 100 мл млеко и ја оставаме тиквата да се динста. Ја тргаме од оган да се излади
2. Јајцата ги матиме со шеќерот и ванилиниот шеќер, го додаваме преостанатото млеко. Смесата ја додаваме во тиквата. Мешаме.
3. Во намрсено правоаголно тавче ставаме една кора, попрскуваме со масло, повторно ставаме кора, ставаме неколку лажици од филот, да се прекрие кората, повторно ставаме кора, па фил, се додека не ги потрошиме корите и филот. На крај завршуваме со кора, попрскуваме со преостанатот масло. Печиме на 180 степени 30тина минути.
4. Врз изладениот тикварник посипуваме шеќер во прав

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани