Овој рецепт се пренесувал од колено на колено во едно семејство во Њу Џерси и кога прв пат се појавил на интернет станал еден од најпознатите рецепти за фаџ заради неверојатниот вкус како и за брзината и едноставноста на спремање.

Во сад на рингла со ниска температура ставете го маршмалоуто и половина од путерот да се загрева додека се растопи и претвори во густ крем. Доколку сметате дека ви е посигурно направете го тоа на водена бања.
За тоа време ситно исечкајте ги чоколадата.

Во стопеното маршмалоу додадете го шеќерот, останатиот путер, млекото и солта. Откако ќе зоврие мешајте уште 5-6 минути.

Тргнете го садот од рингла и додадете ги сечканите чоколада, прво млечното, па црното. Мешајте додека не се добие еднолична смеса.

На крај додадете ги сечканите лешници и ванилата, измешајте и истурете ги во силиконски сад или друг обложен со стреч, алу или пек хартија 20х20, израмнете и оставете да се стегни најмалку 3 часа во фрижидер.

Потоа превртете го на даска за сечење и исечете ситни коцкички и уживајте.

• Кога почнав да го спремам овој десерет, додека се топеа бомбоните посегнав да ги сечкам чоколадата па лешниците. Е овие последните во меѓувреме ги дочапал син ми, замислете оти немал сончоглед за грицкање додека гледал филм : )
Така во хитна алтернатива посегнав по оревите кои беа некаде 80 гр и на крај го здогледав кандираниот ѓумбир кој стрпливо си го чекаше својот момент : )
Го исечкав на ситни коцкички и него го додадов со остатокот млеко, сол и шеќерот па го оставив заедно да се готви. Оваа измена на крај резултира со посебен дискретен шмек, а тој пак во јадењето не се чувствуваше како тврдо тело, ами дојде компактен и во целина со целата композиција.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани