- Во половина чаша од вкупната количина на млеко разматете го квасецот додавајки една лажичка шеќер и брашно. Нека се запени.
- Во садот во кој ќе месите ставете го брашното, остатокот од шеќерот и солта, стасаниот квасец, додадете ги пресното и киселото млеко, маста (не треба да ја топите) јајцето и замесете средно меко тесто. Ако е премеко додадете си уште малку брашно. Измесеното тесто покријте и оставете да одлежи околу 30 мин.
- Стасаното тесто поделете го на еднакви делови. На побрашнета површина оформувајте кифли или форми кои ги сакате вие. Може и да ги полните со сирење или урда. Редете ги во подмачкан плех. Премачкајте со разматено јајце, посипете со ким, сусам, едра сол...ваш избор. Нека стојат додека да се загрее рерната која ќе ја вклучите да се загрева на 200 степени. Премачкајте ги со јајцето додека се загрева рерната.

Не е проблем тестото за работа особено за оние што сакаат да работат со меки теста.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани