Вода со сол ставете да зоврие и откако ќе зоврие ставете ги тестенините да варат за време означено на паковањето.
Потоа исцедете ги и ставете ги во поголема чинија за сервирање.
Во меѓувреме тиквиците исечете ги на кругчиња од 2-3 мм и пржете ги во загреано масло од двете страни да добијат кремаста боја.
Кога сите се испржени додајте ги во тестенините. Додајте ја и туната малку исцедена од маслото и измешајте ги. По вкус додајте бибер и сол ако е потребно.
Вака подготвените тестенини се спремни за служење. Може веднаш да ги послужите или покриени да ги оставите да се изладат во фрижидер и да ги јадите како ладна паста.
Одозгора над тестенините ставете по малку исецкан кромид и неколку зрна капари. Тие на јадењето му даваат лесен, освежителен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани