Еден кинески секојдневен ручек.
Во вок тавата прво се пржат јајцата како кајгана, на крупно. Се тргаат настрана. Потоа се ставаат доматите да се пропржат. Не готвите повеќе од 10 мин.
Се додаваат испржените јајца и ставате зачини.
Понатаму се додава чаша врела вода да се добие супа.
Тргате настрана. Се варат тестенините.
Може сами да си направите или полуготови тестенини кои за кратко време се сварени.
Сварените тестенини се додаваат во супата од домати и јајца.

Ова е нешто слично на јапонската рамен супа, која во Кина се нарекуваат ламиен. Разликата е кај оргиналниот рамен се тестенини во супа од месо.
Ова сепак е поинаква верзија, ама многу популарно во Кина.
Инаку пржените јајца со домати, може да јадат и со ориз, или вака тестенини во супа, или без супа, само пропржени со доматите и јајцата.

Која варијанта ви се допаѓа, е интересен оброк.

Лесно и вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани