Телешката удина се сечи на парчиња према ваша желба.
Се премачкува со по малку сенф, се насолува со сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер. Се остава во фрижидер да отстои најмалку 2 часа.

Се ставаат да се пропржат на плитка мрснотија.
Кога ќе поруменат од двете страни, се вадат од тавата.

Се става ситно сецканиот кромид и лукчето да се пропржи.
Кога ќе станат стаклести, се ставаат парчињата месо во тавата.
Се налева со вода, убаво да го покрива месото.
Се додава коцката за телешки бујон и ловоровите листа.
Се покрива со капак, полупокриено и така на умерен оган се вари се‘ додека не омекни месото.По потреба се долева вода.

Кога е веќе готово, се додаваат печурките. Јас ги мијам под чешма и убаво ги цедам.
Брашното се раствора во шоља вода, убаво да нема грутчиња (можи и да се процеди) и се додава во тавата.
Се остава да крчка додека сосот ја добие потребната густина.

Сервирајте со пире или по ваша желба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани