Често го приготвувам овој ручек. Некогаш наместо месо, додавам печурки, но денес, тавата беше со мелено месо. На загреано масло, запржете ги лукчето и кромидот. Потоа, додајте го сецканиот морков и праз. Додајте го и меленото месо, пропржете неколку минути, па додајте го претходно исецканиот спанаќ. Пржете додека спанаќот не омекне, а потоа додајте го и оризот. Оставете оризот да ја впие цела течност, па додајте го доматното пире и коцката за супа. Налевајте постепено со топлата вода, се додека коцката за супа, не се раствори. Посолете по вкус. Префрлете ја смесата во мало тавче и печете ја на 190 степени околу 40минути, додека водата не испари.
По желба, доколку сакате, можете од горе да скапите и јајца, па да ја вратите тавата во рерна за јајцата да се запечат. Мене, вака приготвениот спанаќ ми е највкусен.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови