Овој рецепт е за лесен и брзо подготвен посен ручек.

Подготовка
1. Кромидот го сечкаме во сечко. Морковите ги сечкаме на тенки кругови. Печурките ги сечкаме на листови.
2. Кромидот и морковите ги упржуваме на масло до омекнување, на средна температура. Во меѓувреме ги ставаме и печурките. На крајот го ставаме и оризот и на тивко ги упржуваме.
3. Ги додаваме зачините и ја ставаме смесата во Делимано ростер тавата, го ставаме грашокот и залеваме вода да бидат покриени состојките.
4. Печеме на 200 степени додека да се свари оризот и испари водата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани