1. Сојата (трошките и топчињата) се става во подлабок сад и се става жешка вода и 1 лажица мешан сув зачин. Се остава 15 минути да ја впие водата и да набубри, а потоа се цеди убаво во цедалка.
2. Исечканиот кромид малку се посолува и почнува да се пржи. Се додава исцедената соја, малку црн пипер и се пржи сето заедно.
3. Замрзнатата боранија се мие со топла вода во цедалка, се става во тавчето со сојата и се пржи додека да омекне.
4. Се зачинува со мешан сув зачин, црвен пипер и се става доматниот сос или доматата. Крчка на тивко, а за тоа време рерната се загрева на 220 степени.
5. Компирите се лупат и мијат, се сечкаат на коцки и се ставаат во тавата.
6. Во тавата се става запржената смеса, се додава жешката вода, се меша и се става во рерна околу 1 час.
7. Потоа се промешува уште еднаш и се остава уште некое време на 200 степени, тоа зависи колку испарила течноста во тавата.

Ова е еден посен ручек кој заради присуството на сојата се јаде без леб.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани