Ставете вода во тенџерето и во неа додадете малку масло. Кога ќе зоврие водата ставете го црниот ориз да се вари, отприлика 20-30 минути.

Исцедете го варениот ориз и сланутокот од конзервата.

Додека се цедат доматите и краставицата исечкајте ги на ситни коцкички, а кромидот издробете го.

Магдоносот исецкајте го, а листовите нане искинете ги.

Се ставете во една вангла и измешајте, па додадете ги течностите и зачините и посолете по вкус.
Измешајте се финално и сервирајте во длабока чинија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани