Многу вкусен и убав десерт сутлијаш со јагоди.
Во тенџере ставете го оризот со вода и варете додека не изврие водата. Додадете го млекото и варете на тивко додека не се свари. На крај додадете шеќер, ванила и путер.
Јагодите изблендирајте ги со шеќер.
Во чаша редете еден ред ориз, еден ред блендирани јагодки, и така до крајот на чаша, украсете со Јагодки.
Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани