Ова е салата која по својот вкус и состав освежува, ама сепак и заситува.

Подготовка
Сусамот го пропржуваме во тавче колку нежно да ја смени бојата.
Свинскиот бут го сечкаме на коцки и го пропржуваме.
Сирењето го гмечиме со вилушка.
Лукчето го лупиме и ситно го сечкаме, исто и свежата краставица.
Сите состојки ги соединуваме со киселата павлака и мајонезот.
Додаваме зачини по желба и вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани