Сусамот е суптропско маслодајно растение. Малите семиња од сусам се најстариот зачин кој му е познат на човекот. Суамот е богат со растителни влакна, витамини и есенцијални минерали како бакар, манган, калциум, селен, магнезиум, цин, фосфор, молибден и витамин Б1. Сусамот има големи здравствени продобивки. Лесно се комбинира во приготвувањето на солени и слатки јадења.

Во малопродажните објекти, сусамот од Сончева Долина може да го најдете во пакување од 100г.

Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на брендот.

Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.