Во принцип сурими стапчињата се консумираат одмрзнати без термичка обработка.
Но по желба може многу кратко да се бланшираат или да се запржат кратко на маслиново масло.
Јас ги бланширав 30 секунди, а втората тура, која заборавив да ја сликам ги запржив кратко на маслиново масло.
Добро ги исцедив и наредив во тањир.
Сите состојки за сос, значи излупени лути пиперки, капари, лимонов сок, сол, бибер, сенф, магдонос, масло, ги ставаме во чашата на нутрибулет и со кратки пулсирања ја изедначуваме смесата.
Од преливот нанесуваме на стапчињата.
Оставаме во фрижидер 15 минути, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани