Превкусна густа супа за љубителите на зелена леќа. Лесно јадење што сите го сакаат.
Убаво се мие и чисти леќата. Големо тенџере се полни две третини со вода. Се додава леќа, сос од дома, целер, магдонос и маслиново масло и се става на силен оган да зоврие. Откако ќе зоврие се намалува на тивко и се вари околу 45 минути.
Супата е прилично густа. Се додаваат макарони сол и бибер и се вари се заедно околу 10 минути, потоа се трга тенџерето од оган, се покрива со капак и се остава 10 минути да се добие убава смеса.
Леќата се служи топла наросена со бибер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови