Најдобрата супа која што досега сум ја јадела.

- Кромидот се сецка на коцки, се пржи во тава заедно со путерот се додека не омекни. Се додава ситно сецканиот лук и сецканите печурки, се убаво се динста околу 2-3 минути, потоа се додава водата.
- Супата се остава да вари околу 10 минути, па се додава млекото во кое е растворено брашното, се проварува до згуснување.
- Се додаваат зачините, се промешува, се дотерува вкусот и се сервира.

Напомена
Користев био млеко и спелтино брашно. Супава лесно може да биде и посна ако се користи оризово млеко на пример и масло како замена за путерот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови