Во еден сад се ставаат јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Се матат со жица за матење додека да се соедини шеќерот со јајцата, од прилика 2 до 3 минути.

Во друг сад се мешаат брашното, прашокот за пециво и се додаваат во садот со јајцата. Се соединува смесата со жица, па се додаваат млекото и маслото. Се промешува и се става смесата во подмачкан калап со масло. Чоколадото се сецка на ситни коцки и се додава во калапот со смесата. Се печи во загреана рерна на 180° 25 минути.

Глазурата се приготвува така што чоколадото се крши на коцки, во него се додава 1 лажичка масло и се топи во микробранова или на шпорет. Откако ќе се испечи колачот се сечи на парчиња, се додава глазурата на секое парче по малку и се сервира веднаш.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани