1. Најнапред го активираме квасецот. Шеќерот, квасецот и 1 лажица од брашното ги промешуваме, кршејки ја коцката квасец на парченца. Ја додаваме млаката вода.
2. Кога квасецот е активиран, го додаваме маслото и солта. Убаво мешаме со лажица додека смесата не запени.
3. Постепено го додаваме брашното во смесата и полека замесуваме убаво мазно тесто, со средна мекост. Го оставаме на топло да надојде, околу 40 минути.
4. Кога тестото е надојдено, ја вклучуваме рерната на 250 степени.
5. Плехот во кој што ќе печеме го намрсуваме со малку масло или го обложуваме со хартија за печење.
6. Тестото го вадиме од садот каде што го месевме и растевме, го распоредуваме врз набрашнета работна маса во правоаголна форма (не го расукуваме тестото, туку само го растегнуваме малку), го сечеме на 12 до 15 парчиња (во зависност од големината) и парчињата ги виткаме во спирали.
7. Потоа ги редиме во плехот и ги печеме на 200 степени, 15 - 20 минути, во зависност од рерната.
8. По желба, посипуваме со сусам, ким, крупна сол итн.
9. Кога се печени, ги покриваме со крпа и најлонска кеса, за да омекнат пред послужување.
Идеални се за појадок со чаша јогурт. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови