Приказната со овие пишкоти започна со мојата потрага на здрави пишкоти со помала количина на шеќер кои би ги искористила во изработка на италијанско тирамису, но бидејќи такви пишкоти нема на пазарот, решив сама да ги направам и не згрешив, презадоволна сум со резултатот.

- Жолчките се двојат од белките, во сад жолчките заедно со половина од кафеавиот шеќер пенесто се матат.
- Во друг сад белките со солта се матат со миксер, се додава другата половина од кафеавиот шеќер и се матат до цврст снег. Смесата од жолчки се соединува со снегот од белки, потоа постепено се додава просеаното брашно, притоа мешајќи со шпатула.
- Смесата се става во шприц и на плех обложен со хартија се исцртуваат пишкотите во должина од 10см. Веднаш се посипуваат со шеќер во прав и се оставаат 5 минути да се исушат, па уште еднаш се посипуваат со шеќер во прав.
- Се печат на 180Ц 15 минути. Потоа целосно се ладат на решетка.

Напомена
Брашното од спелта може да се замени со обично.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови