Прво измиеното пилешко месо го сецкаме на коцки.
Го ставаме во мал сад месото, едно лажиче масло, бибер, зачин.
Промешуваме и оставаме да одстои во фрижидер 1 час.
Тука може да се додаде и некоја капка лимон.
Потоа загреваме масло во тава и го додаваме месото да се пржи на умерен оган.
Додаваме кари, црвен пипер, сол.....
Пржиме додека не зарумени.
Ја додаваме павлаката за готвење и готвиме додека не испари цела течност, односно додека месото не стане сочно од сосот.
Во меѓувреме (значи готвиме паралелно) на загреано масло ги пржиме морковот и кромидот, додаваме грашок, зачини, добро измиен ориз.
Од кога ќе застакли оризот додаваме 1 филџан вода и вариме на тивко.
Кога течноста ја впил оризот, го додаваме вториот, па третиот филџан.
Го поклопуваме садот со капак и тргаме од оган.
Правиме сезонска салата, сервираме пилешки стек, динстан ориз во тајнир и послужуваме.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови