Најубавите мафини што многу често ги правам за прослави или гости.
Чоколадата се сецка на ситни коцки и се става во замрзнувач.
Се просејуваат сувите состојки и се мешаат, па се додава шеќерот.
Се проматува јајцето колку да се спојат жолчката и белката, се додаваат млекото и маслото.
Од чоколадото се трга 50тина грама на страна, а останатото се додава во сувите состојки и се промешува. Се додаваат и течните состојки и се се промешува да се соедини.
Калапите се обложуваат со корпи за мафини и се распоредува смесата и на крај одозгора се посипуваат останатите коцки чоколада.
Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Може да ги печете во помали калапи за мафини или во поголеми за капкејкс и задолжително да бидат во корпи бидејќи може да се залепат.
Декорирајте по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови