Водејќи се по вкусот на моите синови, се одлучив да направам вакви сочни макарони кој што се подготвуваат брзо и се многу вкусни.
Најпрво се варат макароните во претходно зовриена и посолена вода со малку масло. Кога ќе бидат готови се цедат во цедалка и се мијат со ладна вода за да не се залепат. Во вок тава бидејќи се подготвува мала количина се сипува неутралната павлака и претходно дробеното со сирење. Малку се загрева и се додаваат сварените макарони. Убаво се промешува за да се соедниат состојките. Потоа се исклучува шпоретот и во вок тавата се додава едно цело јајце. Повторно се меша да може да се обработи јајцето од самата топлина. Кога ќе олади се сервира во длабока чинија и се посипува со многу пармезан., бидејќи тој го дава вкусот. Но тоа секако е по желба.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови