Ова ми е совршен рецепт за пилешки копани, копан со надкопан, батаци или крилца. Вака ги правам во последно време и нема подобри.

Прво копаните се мијат и се бришат со крпа или со хартиен бришач за да немаат влага.
Се ставаат во поголема најлонска кеса и се ставата мешаниот сув зачин и зачините и се протресуваат за да се распредели смесата рамномерно. Потоа се додава маслото и повторно се протресува кесата.
Се затвора кесата и вака подготвените копани се оставаат неколку часа во фрижидер.
Пред печење, извадете ги 1 час порано од фрижидер.
Ставете ги во тавче, додадете вода и нека се печат на 250 степени покриени со фолија.
По 40тина минути, извадете ја фолијата и превртете ги од другата страна. Без фолија печете 20тина минути од едната и уште 20тина минути од другата страна. Можи да вклучите и вентилатор за побрзо запекување, зависи од рерната како ви печи.
Ќе добиете вкусни и сочни копани кои ќе се топат в уста. Ако правите крилца, времето на печење ќе биде помало. Јас печев копан со надкопан и тоа беа прилично големи па ми требаше толку време отприлика за да се испечат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови