Убав мирис се шири низ домот додека се печи овој убав, сочен есенски колач.
Пробајте го.
Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки, брашното, пецивото, рогачот, зачините, ванилата
По желба може да ги просееме пред употреба, јас така направив.
Јаболката ги лупиме и ги оставаме на страна.
Во вангличка ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме се додека не добиеме убава густа смеса.
Со исклучен миксер ги додаваме млекото, маслото, просеаните суви состојки.
Ги рендаме и јаболката.
Со лесни движења ги соединуваме убаво сите состојки.
Смесата ја истураме во правоаголна ростер тава.
Печиме околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени.
проверуваме со чепкалка дали колачот е готов.
Оставме да се излади, па сечеме на коцки.
Наросуваме шеќер во прав и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани