Многу вкусен и сочен колач, кој е едноставен и лесен за подготовка.
Прво јајцата се матат со миксер заедно со шеќерот до побелување.
Се додаваат сите течни состојки.
На крај се додава брашното со печивото, какаото и ренданото чоколадо.
Се убаво се меша со лажица.
Колачот се пече во тавче број 28, во загреана рерна околу 15-20 минути на 180 степени.
За преливот се вари млекото со шеќерот, да поврие додека се стопи шеќерот.
Ладниот колач се прелева со топлиот прелив.
Колачот јас го декорирав со купечки чоколаден прелив, крокант од лешници, а на некои парчиња и шлаг.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови