Многу брзо се прави, додека се загрее рерната се виткаат ролатите и останува само да се испече.
Обично во пола кило има петнаесетина кори, а секој ролат се прави од три, па така ќе добиете пет ролати.
Измешајте ги состојките за премачкувањето, јајцето не го додавајте, тоа измешајте го со две-три лажици од смесата и чувајте го за премачкување на ролатите на крајот.
Земете една кора, премачкајте ја со четка од смесата, ставете ја другата кора, премачкајте ја, третата исто и на крајот ставете од ренданите јаболка измешани со циметот.
Истото направете го со преостанатите кори. Ролатите редете ги еден до друг на плех прекриен со хартија. Одозгора премачкајте ги со јајцето. Исечете ги на парчиња и ставете ги да се печат, отприлика половина час.
Откако ќе бидат печени, додека се ладат, сварете го шербетот. Откако ќе почне да врие нека вари 5 минути. Со лажица прелијте ги сите парчиња од колачот.
Служете кога целосно ќе се олади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови