Без јајца, без маргарин, без масло, без брашно...колач без ништо ЧД
Се приготвува буквално за 30 мин. Сон на сите мрзливи како мене ч)
Го правиме по дома неколку пати, со различни вкусови, го снемува веднаш. Ова парче го сликнав набрзинка пред да го послужам, инаку и трет пат направено, немаше да биде сликнато Ч)

Вклучете ја рерната на 180степени, но секогаш прво се приготвува преливот. За да има време да се олади додека да дојде на ред да се искористи. Имајте го ова на ум, бидејки заштедувате време, помалку чекање Ч)
Во сад се ставаат водата и шеќерот. Се остава да зовријат и да повријат заедно 5-6 мин, а потоа се трга од оган и се остава да се олади и се додава ванилиниот шеќер.

Додека преливот се лади, се приготвува кората.
Сите состојки се мешаат, се сипаат во тавчето во кое што ќе печете и се пече 20 минути на 180степени. Ростер тавата на Делимано е совршена за количините.

Додека се пече кората, пригответе го пудингот според упатствата на пакувањето.

Испечената кора додека е жешка прелејте ја со шербетот, речиси веднаш ќе впие. Штом впие преливот, прелејте со жежок пудинг и оставете да се олади и стегне. Прво да се олади на собна температура, потоа и во фрижидер.

Пред послужување украсете со изматен шлаг или слатка павлака.

Личи како да е многу шеќер, но не е. Колачот е многу лесен за јадење.

Првиот пат го правевме со пудинг од ванила, според оргиналниот рецепт, ова парче на сликата е со пудинг од шумско овошје и над шлагот има слатко од боровинки. Како нов колач да е со промената на вкусот на пудингот. Следна цел, карамел вкус Ч)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани