Рецептот е сличен на претходниот со јаболка, но јас го сменав во зависност со она што го имав на располагање. Овој пат тоа беа 4 зрели да не речам презреани банани. Плус ми идеа гости вечерта и ми требаше брз десерт. Плус, имав само малку шеќер, немав брашно, затоа ставив овесно брашно. Преубав експеримент, превкусен и поздрав.

Припрема
Се матат јајцата и се додаваат сите останати состојки. Се меша и се истура смесата во намрсено тавче број 28 или помало и се пече половина саат на 180 степени.
Додека се пече колачот, направете ја глазурата. Нека зовријат водата, какаото и шеќерот, на крајот додадете малку масло. Нека варат 20-30тина минути дур се печи колачот.
Откако ќе се испечи колачот, исечете го на коцки и потурете ја глазурата. Таа ќе навлезе измеѓу сеченото и ќе се впие во колачот. Нека се олади малку и колачот е спремен за послужување.
Декорирајте по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови