На висока температура го топиме путерот.
Додаваме пасиран лук па запржуваме кратко.
Ги додаваме пасираните домати и благо промешуваме.
Оставете да прокрчка, па зачинете ја со сол и шеќер.
Додајте го сувиот магдонос, сувиот зеленчук, босилекот и ориганото.
Ако ставате павлака додајте ја сега.
( Јас овој пат не ставив, но ја запишав затоа што рецептот е така)
Нека се соедини се добро и сервирајте.
Равиолите ги подготвувате на стандарден начин.
Се варат во посолена вода 10 минути и се процедуваат.
Јас им ставив и малку масло додека се вареа.
Користев равиоли со полнеж од печурки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови